Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти кај село Богородица

Приведен криумчар на мигранти кај село Богородица

Скопјанец е фатен како со ввозило превезувал мигранти од Куба.

З.Љ.(42) од Скопје синоќа на влезот за с.Богородица, гевгелиско, бил фатен од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“. При контрола во возилото „пежо“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Денеска нови претреси во објекти за марихуана поврзани со големата заплена во Србија

Расчистени девет случаи на измама со лажни сообраќајки, охриѓанец жртвите ги оштетил за 60.000 евра

Падна измамникот со лажни сообраќајни несреќи, штета од 3,6 милиони денари