Утрински Весник
Македонија

Приведен криминалец по распишана потерница, кај него пронајден хероин

Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Ф.Р.(36) од скопско Шуто Оризари.

Приведувањето е извршено врз основа на претходно распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Скопје каде бил на издржување казна затвор во траење од 2 години и 10 месеци.

Притоа, кај него биле пронајдени и одземени две пакувања хероин и по документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

Тој бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Можете да прочитате

Возач удрил полицаец по потера кај Страцин

Секое петто боледување проблематично – откриени неправилности вели Клековски

Се интензивираат активностите за реформи во изборното законодавство