Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец – „специјалист” за верски објекти

Македонски државјани приведени во Србија поради непочитување на вонредните мерки

Гостивар, 9 јуни 2020 (МИА) – Полицијата привела лице кое се сомничи за повеќе тешки кражби во верски објекти регистрирани во последни три години. Приведениот и претходно бил осудуван, а до скоро по него била распишана потерница.

Вчера околу 13 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода С.А.(54) од скопско Студеничани.

С.А. се сомничи дека изминатите три години на гостиварското подрачје извршил неколку тешки кражби, претежно во цркви, како и повеќе тешки кражби на други подрачја во нашата држава, исто така, најмногу во верски објекти. Освен во гостиварско, тој ооерирал и во кичевско и демирхисарско.

С.А. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа  „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна. згм/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стојаноски: Опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада

За опозицијата реконструкцијата на Владата е политичка, а не кадровска

Со специјално возило пресретнувач санкциониран возач кој возел со 179 км/ч на пат каде е дозволено 80 км/ч