Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од скопско за издржување казна затвор од една година

Денеска во 05.10 часот во с.Сингелиќ, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(35) од с.Булачани, скопско.

Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР