Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од Куманово, украдените пари, пронајдени и вратени на сопственикот

Приведен крадец од Куманово, украдените пари, пронајдени и вратени на сопственикот
Img 5587

Утрово во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода лицето М.Т.(30) од Куманово.

Тој синоќа околу 23.25 часот со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово и одзел пари од дневниот промет.

300x250 (7)

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот лицето М.Т., при што биле пронајдени украдените пари, кои подоцна биле вратени на сопственикот.

М.Т. бил приведен во полициска станица а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известува министерството за внатрешни работи.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Да избереме за Македонија која ќе напредува кон единството во различностите 

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата и ближниот, да направиме утре да биде подобро од денес

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех