Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер на дрога од кичевско

Синоќа околу 22.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Г.Д.(43) од кичевското село Гарани.

dobivaj vesti na viber

При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот автомобил „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, полициските службеници пронашле и одзеле седум ќеси со бела прашкаста материја.

Додека, при претрес извршен во неговиот дом, биле пронајдени и одземени куршум калибар 7,62 милиметри, 42 банкноти од различни валути и апоени, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Дирекцијата за заштита и спасување немала вршено инспекции во дискотеки пред кочанската трагедија

Хуманоста на дело: Кумановскиот оџачар Дино со нова акција за настраданите во Кочани

СДСМ: „Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда за загрозените слободи во Македонија