Утрински Весник
Македонија

Приведен гостиварски угостител поради непочитување на владината одлука за затворање угостителските објекти

Струмичанка осомничена дека се обидела да го отруе сопругот

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 13 часот го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар. Во угостителскиот објект лоциран на улица „Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со коронавирусот, неколку лица во внатрешноста на објектот користеле услуги, односно биле послужени со храна.

Ова вечерва на својот официјален Фејсбук профил го објави дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

-МВР уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива, пишува Петровска на фејсбук. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот