Утрински Весник
Македонија

Приведен гостиварец, кој им се заканувал на жената и децата дека ќе ги заколе

Приведен гостиварец, кој им се заканувал на жената и децата дека ќе ги заколе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против жител на Гостивар кој им се заканувал на сопругата и децата дека ќе ги заколе.

Според Обвинителството 43-годишниот гостиварец, во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на ќерката и сопругата со кои извесен период не живееле заедно.

На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и по кратка расправија и се заканил дека „сите дома ќе ги заколе“. Полициските службеници, вршејќи проверки по пријавените закани, констатирале дека осомничениот и претходно е пријавуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за загрозување на сигурноста и телесна повреда при семејно насилство, па од тие причини станува збор за сериозни закани спрема оштетените.

Осомничениот е лишен од слобода, а надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор поради опасноста тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Можете да прочитате

Трендафилов за 4TV.mk: Ме следат повеќе од една година, исти лица ми ги прислушуваа разговорите по кафулиња!

Трендафилов до Владата: За своите плати менувате закони за еден час, а работниците две години ги лажете за 600 евра!

Сиљановска-Давкова на презентација на проектот Skills4Justice: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни