Четириесет и петгодишен жител на Вевчани е приведен поради загрозување на сигурноста и ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Од полицијата информираат дека тој на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.
„При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.