Утрински Весник
Македонија

Приведен битолчанец, при претрес кај него била пронајдена дрога

Приведен битолчанец, при претрес кај него била пронајдена дрога

Едно лице од Битола е лишено од слобода откако при претрес, полицијата кај него пронашла дрога, информира МВР.

Вчера во 21.00 часот на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лицето И.Л.(38) од Битола.

При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, а подоцна при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со траги од марихуана и пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот