Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од тетовско за доиздржување на затворска казна

Приведено лице од тетовско за доиздржување на затворска казна

Вчера околу 07.35 часот, во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници од СВР Tетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со наредба од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ од Скопје, го лишиле од слобода А.Ј.(30) од с.Челопек, тетовско.

Тој се барал за доиздржување на затворска казна во времетраење од 3 години, 3 месеци и 7 дена.

А.Ј. ќе биде спроведен во КПУ „Идризово“ за издржување на казната, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Сообраќајка во Студеничани – повредено шестгодишно дете!

Кривична пријава за маж од кичевско – упатувал закани кон градоначалникот!

Маж од САД доби 30 дена притвор – спроведен во КПУ Затвор Охрид