Утрински Весник
Македонија

Приведено лице во Штип по распишана потерница

Вчера во 12.30 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Џ.И.(34) од Штип.

За него била распишана потерница врз основа на судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна.

Џ.И. бил приведен во полициска станица, а потоа спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош