Утрински Весник
Македонија

Приведено лицето што нападна лекар на Токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено лицето што нападна лекар на Токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на педијатрија.

Како што информираат од МВР, станува збор за 32 годишен маж, против кој ќе биде поднесена пријава.

„С.И. го нападнал лекарот, кој завршил со расекотини и хематом, откако лекарот му рекол дека неговото малолетно дете, со кое таткото бил на Клиниката за токсикологија, треба да се однесе на педијатрија“, информираат од МВР.

Синоќа, министерот за здравство Венко Филипче го осуди инцидентот.

„Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент. Лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, порача Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола