Утрински Весник
Македонија

Приведени тројца скопјани барани со потерници

Приведени тројца скопјани барани со потерници

Тројца скопјани вчера биле уапсени, барани со потерница. Двајца биле фатени на подрачјето на Бит Пазар, а еден во Центар.

На 24.12.2021 во 08.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода С.Т.(37) кој се барал по потерница. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

На 24.12.2021 околу 20.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен А.А.(32) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошно постапување.

На 24.12.2021 околу 20.40 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен Х.Б.(40) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошно постапување.

Можете да прочитате

Шарената џамија во Тетово и Хаџи Балабан џамијата ќе бидат реставрирани со поддршка од Турција

СДСМ: Нов дефокус – Закон за пушење 

АХВ лани извршила над 125.000 контроли