Утрински Весник
Македонија

Приведени пет лица поради напад врз полицајци на вчерашниот протест во Тетово

Приведени пет лица поради напад врз полицајци на вчерашниот протест во Тетово

Тетовската полиција вчера уапсила три лица – Б.А.(31) од кичевското село Туин, Н.Б.(52) од тетовска Мала Речица и Џ.С.(33) од Вешала, затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на вчерашниот протест во Тетово.

Од истите причини денеска се уапсени и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во Тетово се одржа протест на кој се бараше одговорност поради катастрофалниот пожар во модуларната ковид-болница. Протестот ескалираше и во еден момент дојде до судир со полицијата, а СДСМ и ДУИ обвинија дека зад него стојат опозициски партии.

Можете да прочитате

Освежување во врвот на СДСМ, избрани нови членови на ЦО и ИО

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

СДСМ: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија