Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци од Скопје, краделе во црквата Св. Недела во Катланово

Приведени крадци од Скопје, краделе во црквата Св. Недела во Катланово

Полицијата денеска приведе две лица во скопското село Катланово, кои утрото извршиле тешка кражба во црквата Св.Недела во Катланово.

„Денеска (23.11.2020) во с.Катланово-скопско од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец приведени се Д.Т. (46) и А.Н. (39), кои денеска меѓу 07 и 09 часот извршиле тешка кражба во црквата Св.Недела во Катланово. По документирање на кривично правниот настан ќе биде изготвена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“ соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Осумдневен притвор за Стојанче осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство