Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци од Битола, се обиделе да украдат нафта од работна машина

На 06.08.2022 во 01.22 часот во рудникот Брод-Гнеотино, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода Д.Д.(37) и К.С.(30), двајцата од Битола.

dobivaj vesti na viber

Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле.

Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, кои биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС има докази за вмешаност на поединци од власта во случајот со дрогата нека ги достави до ЈО

СДСМ: Криминалецот Симе познат по сликите со Мицкоски пука со калашников

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта