Утрински Весник
Македонија

Приведени дилери кај Сопот, запленет хероин

Приведени дилери кај Сопот, запленет хероин

Поголемо пакување со хероин бил пронајден кај две лица од Прилеп, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од таму објаснуваат дека вчера во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај с.Сопот, полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција-сектор за недозволена трговија со дрога, во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода А.К.(44) од Прилеп, кој управувал патничко возило „Опел зафира“, во кое сопатник бил А.Т.(30) од Прилеп.

При извршен преглед кај нив било пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин.

Лицата се приведени во полициска станица и по насока на Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело казниво по Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта

Црна точка: Нова сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија