Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица во близина на „Езерски лозја“, во вратата од возилото криеле кеса со прашкаста материја

Приведени две лица во близина на „Езерски лозја“, во вратата од возилото криеле кеса со прашкаста материја

Синоќа во 21 часот во ОВР Струга биле приведени Г.Н.(39) од Охрид и Е.А (38) од Струга.

При контрола на такси возило „мерцедес“, со кое се превезувале, извршена на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на населбата „Езерски лозја“, полициските службеници до совозачката врата пронашле полиетиленска кеса во која имало девет опаковки со бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Можете да прочитате

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово