Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца струмичани кои превезувале мигранти

Синоќа во 18:20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.М.(20) и З.М.(22), двајцата од Гевгелија, поради сомнение дека со возило „ауди а8“, со гевгелиски регистарски ознаки, превезувале четири лица мигранти (три од Пакистан и едно од Сирија).

dobivaj vesti na viber

Имено, во 18:20 часот на регионалниот пат Р1102, возилото било запрено за контрола, возачот и совозачот избегале, а во возилото биле пронајдени мигрантите, кои биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Набргу, по преземени мерки и по пребарување на теренот биле пронајдени и лишени од слобода П.М. и З.М..

Тие биле приведени во Полициската станица Велес и во координација со Јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по итна постапка по член 418 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Гужви на Богородица за влез во Грција

Денеска се празнуваат Светите апостоли Петар и Павле

Сончево време и благо затоплување – искористете ги овие пријатни денови!