Утрински Весник
Македонија

Повредени двајца пешаци во Гостивар

Синоќа во 20.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Мајор Чеде Филипоски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Е.(32) од с.Лакавица, удрило во пешакот Р.А.(58) од с.Здуње и во уште еден малолетен пешак.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот пешак, а со телесни повреди Р.А., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Можете да прочитате

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети

Приведен турски државјанин во Охрид за посредување во проституција

Кузеска: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа