Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21) од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото.

По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Повредениот полициски службеник бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово