Утрински Весник
Македонија

Приведена 34-годишна жена за уцена

Приведена 34-годишна жена за уцена
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Полицијата приведе 34-годишна скопјанка, со живеалиште во Битола, поради уцена на 44-годишен битолчанец.

– По преземени оперативни мерки, а по претходна пријава на В.П.(44) од Битола дека е уценуван, на 11.03.2020 во 14:45 часот на ул. „Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје ја лишиле од слобода Е.С.(34) од Скопје, со живеалиште во Битола, соопшти МВР.

Според пријавеното, Е.С. му се заканувала на В.П. дека ќе објави негови компромитирачки фотографии доколку не ѝ исплати 1.200 евра.

Таа била лишена од слобода веднаш по примопредавањето на парите и во консултација со Основното јавно обвинителство, против неа ќе биде кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“ од Кривичниот законик. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: „Манасије српски“ – првиот македонски бот

Новогодишен базар со музика и забава во Ѓорче Петров

Македонија ја одби бугарската понуда за помош со мазут