Утрински Весник
Македонија

Приватна фирма и помагаше на општина Тетово во дезинфекција

Приватна фирма и помагаше на општина Тетово во дезинфекција

Тетово, 20 март 2020 (МИА) – Општина Тетово соопшти дека денес во рамки на процесот на дезинфекција на градските улици и јавни простори добиле бесплатна помош од приватна компанија. Од фирмата испратиле два камиони за дезинфекција.

-Секоја помош и поддршка е добредојдена и потребна, имајќи го предвид фактот дека само преку целосна социјална мобилизација ќе можеме да победиме во борбата против ширењето на КОВИД 19. Јавна благодарност до компанијата Анрра Центрум која денес со 2 камиони помогна во дезинфекција на улиците на градот, информираа од општина Тетово

Во текот на изминатите денови општина Тетово тековно го спроведува процесот на дезинфекција и чистење низ градот со биоцидна супстанција „Екоцид Ц“.

-Чистењето и дезинфекцијата на улиците во Тетово продолжи и синоќа со несмален интензитет. Се работеше на улиците 161, 162, улиците во блок 50, блок 70, како и улиците во насока на училиштето Кирил и Методиј, информираат од општина Тетово.

Вработените во комуналното претријатие и пожарната ги спроведуваат мерките за дезинфекција, чистење и дератизација. ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот

Кривична пријава за поранешен министер за култура