Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Претставници на ОН притворени поради учество во терор во Етиопија

Претставници на ОН притворени поради учество во терор во Етиопија
300x250 opst2

Најмалку 16 локални претставници на Обединетите нации се приведени во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, соопштија ОН.

Портпаролот на етиопската влада тврди дека претставници на ОН биле приведени поради учество во терор за време на вонредната состојба воведена поради ескалацијата на војната во земјата.

Сите приведени претставници на ОН се од бунтовничкиот регион Тигра, изјави хуманитарниот работник за новинарот на АП, под услов да остане анонимен поради страв од одмазда. Портпаролот на ОН, Стефан Дијариќ изјави дека Обединетите нации не добиле причина за притвор, но луѓето од Тигра и некои адвокати тврдат дека од Адис Абеба луѓето масовно се приведуваат врз основа на етничка припадност откако е прогласена вонредната состојба.

„Тие се приведени во државни институции против нивна волја“, изјави за новинарите портпаролот на ОН Стефан Дијарик, додавајќи дека во изминатите неколку дена имало притворања за време на посетата на шефот на хуманитарната служба на ОН на Етиопија.

Дизариќ потврди дека уште шест членови на мисијата на ОН биле приведени, а потоа ослободени, а приведени се и голем број соработници. ОН побараа од етиопското Министерство за надворешни работи за нивно итно ослободување.

Портпаролот на владата во Адис Абеба, Легесе Тулу, изјави за АП дека притворот е поради нивното незаконско учество во терористички акт, без детални информации, истакнувајќи дека апсењето нема никаква врска со нивната работа.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа