Утрински Весник
Свет

Претставници на АПЕК: Русија веднаш да ја прекине војната во Украина

Претставниците на седум земји, вклучително и оние кои го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во знак на протест поради рускиот напад врз Украина, ја повикаа Русија веднаш да ги прекине непријателствата во Украина.

Претставниците на САД, Австралија, Канада, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во заедничко соопштение истакнаа дека се длабоко загрижени поради хуманитарната криза во Украина, пренесе Ројтерс.

„Потврдувајќи ја важноста на меѓународниот поредок заснован на правила, кој поддржува отворен, динамичен, отпорен и мирен азиско-пацифички регион, ние силно ја повикуваме Русија веднаш да ја прекине употребата на сила и целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од Украина.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада