Утрински Весник
Свет

(Видео) Канада: Најмалку осум лица загинаа во силно невреме

Бројот на жртвите на силните бури во двете најнаселени канадски провинции, Онтарио и Квебек, се искачи на најмалку осум, соопштија локалните власти.

Службите за итни случаи продолжија со обновата на уништените столбови за да ја вратат струјата во домовите на половина милион луѓе, објави „Гардијан“.

Невремето, кое траеше повеќе од два часа во саботата попладне и беше јачина на торнада, остави траги на уништување во делови од провинциите Онтарио и Квебек, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Израел го нападна јужен Либан, најмалку четворица мртви, 20 повредени

Иранска Гарда: погодивме американски носач на авиони и разурнувач

Германија најголем производител на пиво во ЕУ во 2025