Утрински Весник
Магазин

Претставникот на Британија ги игнорира прогнозите за можна победа на Евросонг

Нешто чудно се случува на Евровизија: обложувалниците предвидуваат добар резултат за Велика Британија, пишува „Би-би-си“.

„По две години на последното место и повеќе од една деценија откако влеговме во првите 10, Сем Рајдер е втор фаворит за победа со неговата моќна балада Space Man,“ додава британскиот јавен сервис.

Но, Рајдер се обидува да ја игнорира растечката возбуда.

„Не сакам да дојдам до точка каде што ќе почнам да верувам во возбудата“, вели тој. „Сакам сите да бидат горди и да ја завршам мојата работа најдобро што можам“.

Рајдер се појави на синоќешното полуфинале на Евровизија во Торино, но не мораше да се натпреварува за да го обезбеди своето место во саботното финале.

Според прваилата на натпреварувањето, земјите од „големата петорка “ – Франција, Германија, Италија, Шпанија и Британија – кои плаќаат најмногу за одржување на натпреварот, заедно со земјата домаќин, секоја година  директно влегуваат во финалето на Евросонг.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста