Согласно одлуката на Владата за воведување на полициски час, изведбите на претставите „Кец на десетка“, „Последната лента на Крап“ и „Влези не се соблакај“ ќе започнат во 19 часот, соопшти Македонскиот народен театар.
Со одлуката на Владата од утре, од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава ќе биде воведен полициски час.
Текстот Претставите во МНТ ќе почнуваат во 19 часот поради одлуката за полициски час е превземен од МАКФАКС.