Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Полска

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 16 февруари 2020 година, во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција.

Пендаровски во недела, 16 февруари, ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција, а претходно ќе говори и на тркалезната маса „Балкански дијалози“, на која е предвидено учество на Јосеп Борел Фонтелес, потпретседател на Европската комисија и Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Албин Курти, премиер на Република Косово, Еди Рама, премиер на Република Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија и Екатерина Захариева, вицепремиер за правосудна реформа и министер за надворешни работи на Република Бугарија.

Како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Пендаровски за време на учеството на Минхенската безбедносна конференција ќе оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

Во фокусот на 56. Минхенска безбедносна конференција се улогата на Западот во глобалниот свет, актуелните состојби во Европа, Кина, Русија и САД, случувањата на Медитеранот, Блискиот Исток и Јужна Азија, како и прашања поврзани со корона вирусот и со климатските промени.

Минхенската безбедносна конференција, со која претседава амбасадорот Волфганг Ишингер, е форум на глобално ниво, посветен на прашањата од безбедноста, промовирањето на мирното решавање на конфликтите, меѓународната соработка и дијалог во надминувањето на безбедносните предизвици на денешнината и иднината. сст/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“