Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски прими претставници на Комитетот за заштита на правата

Претседателот Пендаровски прими претставници на Комитетот за заштита на правата

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на здружението Комитет за заштита на правата, како координативна организација на повеќе сродни здруженија.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, на средбата претставниците на здружението го информирале претседателот за своите активности и поднесените иницијативи за донесување и изменување на законски решенија поврзани со судските постапки.

Претставниците на здружението истакнале дека за правната држава е посебно значајно донесувањето на Законот за преиспитување на докази и факти користени при донесувањето на судските одлуки, односно докази и факти кои потекнуваат од органите на прогонот. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Родителите на загинатите во „Пулс“ на 45. Марш на ангелите: Не бараме пресуда однапред, бараме вистина и правда

Нон-пејперот на Мерц и Макрон: Нова шанса или уште едно европско ветување за Македонија? 

Попладнево пукање во Скопје: Маж ранет, напаѓачот уапсен