Утрински Весник
Економија

Претседателот Пендаровски на средба со в.д. директорот на Агенцијата за енергетика

Претседателот Пендаровски на средба со в.д. директорот на Агенцијата за енергетика

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими в.д. директорот на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, Дарио Николовски.

На средбата Николовски го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности и работата на агенцијата, во однос на реализацијата на стратешките планови, како и за развој на потенцијалите за користење на обновливи извори на енергија, а во функција на заштита на животната средина, објаснуваат од кабинетот на претседателот.

На средбата се разговарало за можностите за организирање на обуки и едукација на младите за теми поврзани со енергетската ефикасност и значењето на заштитата на животната средина, во „МладиХаб“ -Канцеларијата на Претседателот.

Можете да прочитате

Николоски: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево 

Премиерот Мицкоски со владина делегација во Давос, фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции

Почнува Светскиот економски форум во Давос