Утрински Весник
Свет

Претседателот на Јужна Кореја прими вакцина на „Астра зенека“

Претседателот на Јужна Кореја прими вакцина на „Астра зенека“

Мун Џае-ин, претседателот на Јужна Кореја, ја прими вакцината против Ковид-19 на компанијата „Астра зенека“ пред важниот дипломатски состанок во Велика Британија.

68-годишниот Мун бил вакциниран на клиника во близина на неговата канцеларија во Сеул за да се подготви за планираната посета на Велика Британија за време на самитот Г-7 во јуни, пренесува „Ројтерс“.

Неговата сопруга и деветте соработници кои ќе го придружуваат на патувањето, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност, Сух Хун, исто така, се вакцинирани, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Британскиот премиер Борис Џонсон ги покани лидерите на Јужна Кореја, Индија и Австралија да присуствуваат на самитот како гости.

Според Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (КДЦА), од почетокот на кампањата кон крајот на февруари, вакцинирани се околу 680.000 високо ризични здравствени работници и критично болни лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари