Утрински Весник
Свет

Претседателот на Финска: Отворени сме за разговори за загриженоста на Турција

Финскиот претседател Саули Нинисто изјави денеска дека Финска е отворена за разговори за загриженоста на Турција во врска со нејзината апликација за членство во НАТО, додавајќи дека неговата земја е подготвена да се посвети на безбедноста на Анкара.

Американскиот претседател Џозеф Бајден, говорејќи во Белата куќа, каде што беше домаќин на лидерите на Финска и Шведска по нивното официјално барање за членство во НАТО, рече дека неговата администрација денеска до Конгресот поднесува извештаи за пристапувањето на двете земји во НАТО, пренесе Ројтерс.

По децениска неутралност, Финска и Шведска вчера официјално ја поднесоа својата апликација за влез во НАТО.

Можете да прочитате

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати