Утрински Весник
Свет

Претседателот на Украина се вакцинира со вакцината на „Астра зенека“

Претседателот на Украина се вакцинира со вакцината на „Астра зенека“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се вакцинира против коронавирусот за време на посетата на фронтот во источниот дел на Донбас, со надеж дека ќе ги увери скептиците дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Заостанувајќи зад Европа, Украина само што започна со вакацинација на населението откако минатиот месец ја доби првата пратка од 500.000 вакцини на „Астра зенека“, давајќи им приоритет на здравствените работници од првата линија во борбата со вирусот и војската.

Сепак, владата се соочува со борба против скептицизмот во врска со вакцината. Податоците покажуваат дека 47 проценти од населението не сака да се вакцинира.

„Ја примив вакцината против Ковид-19. Се вакцинирав на фронтот со војниците како врховен командант”, напиша Зеленски на „Твитер“ и објави фотографија на која се гледа како ја прима вакцината.

Тој рече дека станува збор за вакцината „Оксфорд / Астра зенека“ произведена во Индија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Падна вредноста на доларот – 24info.mk

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон