Утрински Весник
Свет

Претседателот на станари пред два месеца со писмо предупредил од потенцијалната опасност за зградата во Мајами

Претседателот на станари пред два месеца со писмо предупредил од потенцијалната опасност за зградата во Мајами
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Станарите во зградата во Флорида, која се сруши минатата недела, биле информирани за штетата на зградата со писмо испратено до нив во април.

Писмото го испратил претседателот на куќниот совет на зградата, а во него било наведено дека постепеното влошување на зградата може да се забележи уште од 2018 година, пишуваат агенциите.

Според нив, писмото е уште еден документ кој укажува на структурни проблеми во зградата.

„Бетонската ерозија се влошува. Ситуацијата на покривот се влоши. Очигледно е дека бетонот пука, тоа значи дека арматурата што го држи ‘рѓосува и се расипува“, се наведува во писмото.

Во писмото се предупредува и на оштетување на покривот и се проценува дека решавањето на проблемите на зградата ќе чини околу 15 милиони долари (10,8 милиони фунти).

Во извештајот од 2018 година, инженерот Френк Морабито предупредува за проблеми на и во зградата, врз основа на кои е направен проект за санирање на проблемот.

Според написите во медиумите, бројот на жртвите по уривањето на зградата се искачи на 12 лица, а по 149 лица сè уште се трага.

Прашања за причината зошто се урна зградата се поставуваат истовремено со продолжување на потрагата по исчезнатите.

Официјалните лица вчера инсистираа на продолжување на операцијата за спасување.

Можете да прочитате

Руски напад врз пристаништето во Одеса

Зеленски: ЕУ покажа единство со помошта од 90 милијарди евра

САД со масовен напад врз цели на Исламска држава во Сирија