Утрински Весник
Свет

Претседателот на Си-ен-ен поднесе оставка по признавањето дека бил во врска со колешка

Претседателот на Си-ен-ен поднесе оставка по признавањето дека бил во врска со колешка

Претседателот на американската медиумска куќа Си-ен-ен, Џеф Закер, поднесе оставка по признавањето дека е во врска со колешка. Закер работел за оваа позната телевизиска мрежа 9 години, пишува АП.

Тој како причина наведе дека не сакал да открие кога започнал љубовна врска со своја најблиска соработничка, што било побарано од него во рамки на истрагата за Крис Куомо, братот на поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, кој работел во Си-ен-ен.

„Потврдив дека врската траеше во претходните години. Ме прашаа да откријам кога започна врската, но јас не го направив тоа. Погрешив. Поради тоа, сега поднесувам оставка“, истакна Закер.

Тој во изјавата не го наведе името на колешката, но медиумите пишуваат дека станува збор за шефицата за маркетинг во медиумската куќа, која ќе остане да работи во Си-ен-ен.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking