Утрински Весник
Свет

Претседателот на Северна Кореја му го честиташе Денот на победата на Путин и изрази солидарност со Русија

Севернокорејскиот лидер во честитката до рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на победата изразил „цврста солидарност“ на неговата земја со Русија, пренесува Јонхап, повикувајќи се на севернокорејските медиуми.

Ким му ја честиташе на Путин годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Во пораката на севернокорејскиот лидер се изразува силна солидарност со целта на рускиот народ да се искорени политичката и воената закана и уцена на непријателските сили и да се заштитат достоинството, мирот и безбедноста на земјата.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам