Утрински Весник
Спорт

Претседателот на Р.Б. Лајпциг: Вернер во Челси? Сè уште не сме потпишале ништо

Вернер му одговори на Салихамиџиќ: Левандовски порано беше како мене

Лајпциг, 7 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Р.Б. Лајпциг, Оливер Минзлаф ги коментираше информациите дека напаѓачот на тимот, Тимо Вернер се согласил да се пресели во Челси за 60 милиони евра.

– Ние не сме се договоривме со никој. Досега ниту Вернер ниту клубот не потпишале ништо. Немаме што да кажеме на оваа тема. Не сакаме да шпекулираме за тоа, изјави Минзлаф за „Скај Германија“.

Вернер има 31 погодок и 12 асистенции на 40 натпревари за Р.Б. Лајпциг во сезоната 2019/20.

За 24-годишниот Германец заинтересиран е и Ливерпул.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство