Утрински Весник
Свет

Претседателот на Бразил на суд поради истрага за протекување документи

Претседателот на Бразил на суд поради истрага за протекување документи
Dik 300x250 mk

Судија на бразилскиот Врховен суд испрати судска покана до претседателот на Бразил, Жаир Болсонар и нареди полицијата да го сослуша како дел од истрагата за објавените документи, во кои претседателот одби да сведочи.

Судијата Александре де Мораес претходно му даде 60 дена на Болсонара да сведочи, но тој рок сега истече, поради што судијата одлучи дека Болсонаро попладнево мора да се појави во седиштето на федералната полиција во Бразил за да биде сослушан, пренесува Ројтерс.

Случајот се однесува на протекувањето на документи од истрагата што ја спроведе тајната полиција на претседателот за хакерскиот напад врз Врховниот изборен суд (ТСЕ), највисокото изборно тело во Бразил, неколку месеци пред претседателските избори на кои победи Болсонаро во 2018 година.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија