Рим, 9 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Здружението на професионални тенисери (АТП) Андреа Гауденци не верува дека сезоната 2020 е изгубена засекогаш и сè уште верува дека може да се случат некои од турнирите.
Сите натпревари под покровителство на здружението беа прекинати кон средината на март. Засега е сигурно дека нема да има турнири барем до средината на јули, но Гауденци не брза да дава долгорочната прогноза.
– Не би било многу разумно ако се решиме сега да ја одложиме сезоната. Никој не знае што ќе се случи и ние сакаме позитивно да ги гледаме работите. Секако дека ги слушаме различните предлози, вклучително и натпревари без публика и разни патни ограничувања, но сè уште не сме донеле конечна одлука, бидејќи во моментот сите сценарија се само хипотетички, изјави гауденци.
Поради пандемијата, одржувањето на два од четирите турнири во Грен слем турнирите, „Ролан Гарос“ и „УС опен“ – е во прашање, додека „Вимблдон“ беше откажан за прв пат по Втората светска војна. зс/