Утрински Весник
Македонија

Претрес во ќелиите во „Идризово“ – пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за внатрешни работи објави детали од акцијата што денес ја спроведе во затворот „Идризово“.

Оттука велат дека претресите во ќелиите биле си цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, како резултат на зајакната меѓуинституционална соработка, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.

„Извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово. При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела“, изјави портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи