Утрински Весник
Македонија

Претрес во Скопје, приведен дилер, пронајдени марихуана и кокаин

На 27 јули во попладневните часови од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, по претходно обезбедена наредба, извршен е претрес во домот на А.Д.(33) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

За време на претресот пронајдени се и одземени тегла и ќеса со марихуана, како и пакување со бела прашкаста материја.

А.Д. е лишен од слобода, приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

За нова лична карта, возачка дозвола и пасош граѓаните можат да закажат онлајн

Данела повторно се обрати утринава: Смислиле ново сценарио