Утрински Весник
Македонија

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер

Вчера во 21.40 часот на ул.„Цар Самоил“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода З.Р.(51) од Охрид.

При претрес во угостителски објект што тој го користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Здравковски прогнозира победа на Вучиќ и немири во Србија по гласањето

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики