Утрински Весник
Македонија

Претреси во Свети Николе, пронајдена дрога

Претреси во Свети Николе, пронајдена дрога
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата ги приведе A.J.(37), И.Н.(34) и И.Д.(36), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

„По претходно добиена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен е претрес во неколку објекти на подрачјето на ОВР Свети Николе, при што била пронајдена и одземена поголема количина на марихуана“, соопшти МВР.

По насока на Јавен обвинител против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Турчин се обидел да влезе во Македонија со фалсификат

Расте интересот на турските државјани за македонско државјанство

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат  – 24info.mk