Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево, попладне со услови за дожд

Сончево време, попладне локален дожд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во источните и понекаде во северните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, само понекаде во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче

Ограничен број билети за македонската премиера на ,,Силјан”