Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево до умерено облачно, попладне нестабилно со дожд

Сончево и потпопло со умерен ветер

Скопје, 9  јуни 2020 (МИА) – Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 22 до 30 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“