Утрински Весник
Македонија

Претоварени автобуси од Гостивар патувале кон Охрид

Претоварени автобуси од Гостивар патувале кон Охрид
Dik 300x250 mk

Полицијата утрово откри два претоварени автобуси на туристичка агенција од Гостивар кои се движеле кон Охрид.

Според информациите на МВР, утровово 08.10 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Другово, полициски службеници извршиле контрола во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар, управувани од Б.М.(63) и И.И.(51).

При контролата било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75% исполнетост на капацитетот на возилата кои вршат јавен превоз на патници односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“