Скопје, 16 јуни 2020
Изминатиов период , исполнет со сериозни предизвици, се уверивме дека присуството на корона вирусот е новата реалност.
Се уверија и оние кои не верува дека тој постои и дека тој не бира ниту раса, ниту пол, ниту етничка или било каква припадност.
Несериозниот пристап на одредени луѓе кон него, донесоа последици по здравјето и раст на бројот на новозаразени лица.
Денес се соочуваме со една состојба каде што се бара од нас поголема општествена и социјална одговорност, но и сплотеност сите да ги почитуваме и темелно да ги спроведуваме препораките од Министерството за здравство .
Затоа апелирам, сите граѓани задолжително да држат физичка дистанца 1.5-2 метри, да носат заштитни маски во затворен простор меѓута и на отворен простор кога неможеме да ја одржиме таа дистанца и задолжителна дезинфекција на раце и на работните површини со кои стапуваме секојдневно во контакт.
Почитувани граѓани,
Единствено оружје за борба против вирусот е нашата свест и одговорност. Здравствените работници четири месеци се борат по 24 часа на ден, тие се преморени и потребна им е нашата помош.
Да почнеме од самите себе, да го заштитиме здравствениот систем и да им помогнеме на сите здравствени работници кои се нашите херои.
Во однос на престојната кампања за парламентарните избори, СДСМ како државотворна и зрела партија ќе води одговорна кампања, без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани односно нови алтернативни начини на кампања кои ќе бидат строго со почитување на сите препораки и протокли со цел заштита на здравјето на граѓаните.
За СДСМ и Владата која ја предводи заштитата на граѓаните и нивната благосостојба биле и остануваат приоритет.
Заедно сме во оваа криза и ќе ја пребродиме заеднички , единствени и сплотени.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
__________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.