Утрински Весник
Спорт

Пресметката Фјури-Вајт потврдена за 23 април на „Вембли“

Пресметката Фјури-Вајт потврдена за 23 април на „Вембли“
Dik 300x250 mk

Тајсон Фјури ќе ја брани својата ВБЦ титула на „Вембли“ против предизвикувачот Дилијан Вајт на 23 април, потврди неговиот промотер Френк Ворен.

Долгоочекуваната британска пресметка, конечно, е закажана, откако Вајт претходно одбиваше да ја прифати неверојатната клаузула за 80-20 поделба на парите од мечот, но на крајот се согласи. Ова ќе биде прв домашен меч на „Џипси кинг“ пред домашната публика по речиси четири години боксување во Америка, каде што имаше успешна трилогија против Дионтеј Вајлдер.

„Тајсон Фјури се врати дома за да се бори на ‘Вембли’ и тоа е достојна награда за најдобриот тешкаш на светот по освојувањето на Америка. Тоа што задолжителната одбрана на ВБЦ титулата доаѓа против уште еден Британец само ќе биде повод за прослава“, изјави Ворен.

Фјури веќе почна со тренинг-кампот во својот дом во близината на Манчестер, потврдувајќи дека нема да се јавува на социјалните мрежи за да се фокусира на мечот. Тој исто така ќе го „иссели“ своето семејство осум недели за целосно да биде „исклучен од надворешниот свет“.

> Пресметката Фјури-Вајт потврдена за 23 април на „Вембли“ <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја